Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

СПМ: Изборот на обвинител да биде надвор од партиски игри

Социјалистичката партија на Македонија смета дека изборот на државен јавен обвинител мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија смета дека изборот на државен јавен обвинител мора да биде надвор од инфантилните партиски игри и отворената политичка пресметка наметнати од опозицијата која, како што наведуваат во соопштението, најмалку има право да зборува за правото и правната држава.

Тие беа погребани во времето на нивното седум годишно безумно владеење во Македонија.

Изборниот резултат и собраниското мнозинство на Владата и го овозможуваат легитимитетот и правото за одлука и предлог кој ќе се достави до Собранието.

Реклама

Неодговорно е отварањето на дискусија и конфронтација од одреден засегнат кандидат за Државен обвинител, затоа што времето на хелиоцентрични обвинители од крајно искомпромитираното и корумпирано СЈО е завршено. Затоа што изборот на Државен обвинител е заснован на квалитет, стручност и кредибилитет, но и на етичност, кој не секој ги поседува.

Тоа се критериумите според кои Владата се раководи или можеби некој смета дека Владата и парламентарно мнозинство немаат право за одлучување и за избор на Државен обвинител.

Социјалистичката партија на Македонија има изграден став за одлуката на Советот на јавни обвинители, но во интерес на текот на постапката не излезе со реакција.

Затоа ја даваме целосната поддршка на Владата за слободно одлучување и избор на Државен обвинител кој на достоинствен начин со стручност, знаење, праведност и правичност и со почитување на законот ќе ја извршува оваа одговорна должност.

На Македонија ѝ е потребно владеење на правдата и тоа мора да почне без оглед на суетата и нереалните амбции на компромитирани лица или на паничната реакција на опозицијата свесна за доаѓањето на полагање сметка и одговорност.