Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Спасовски на чело на техничката Влада – ВМРО-ДПМНЕ влегува во институциите

Со 101 глас За, народните избраници ја изгласаа новата техничка влада која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 101 глас За, народните избраници ја изгласаа новата техничка влада која ќе раководи со државата до по одржувањето на изборите на 12 април. Откако Зоран Заев си даде оставка, на чело на преодната влада доаѓа Оливер Спасовски, кој ќе биде технички премиер. Тој во своето експозе денеска пред пратениците рече дека ќе се вложувал за фер и демократски избори, како и за непрекинато професионално работење на институциите.

Oрганизирањето на фер и демократски избори е врвен приоритет на преодната влада. Ве уверуцам дека јас како претседател, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри ќе ги превземеме сите потребни мерки за да бидат обезбедени услови за споведување на успешни превремени парламентарни избори, истакна денеска техничкиот премиер Спасовски.

Во оваа влада по пржински терк, со свои министри и дополнителни минстри учествуваат и власта и опозицијата. На местото на Оливер Спасовски ќе седне Наќе Чулев кој ќе биде технички министер за внатрешни работи. На столчето на Мила Царовска која ќе биде сега вицепремиер за економски прашања  дојде Рашела Мизрахи.  Останати дополнителни министри од опозицијата има и во министерстовто за земјоделство, финансии и јавна администрација.

Реклама

Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за МВР на Република Македонија, пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори. За таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури, рече Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи.

Сите министри и дополнителни министри ќе имаат врзан потпис за транспарентно работење на институциите.Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите. Во текот на нејзиното функционирање не може да има вработувања, унапредувања, инвестиции. Оваа ќе биде втора техничка влада во Македонија. Првата се формираше пред предвремените избори во 2016 година, а технички премиер беше Емил Димитриев.

Мери Ѓорѓиевска