Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Спасителите на вода со полни раце работа – од почетокот на сезоната спречени се девет трагедии

Само во првите дваесетина дена од официјалниот почеток на летото спасителите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само во првите дваесетина дена од официјалниот почеток на летото спасителите на вода извлекле 9 давеници кои можеле да завршат фатално,а се соочиле и со над 70 интервенции на укажување на прва помош. Ваквиот биланс на инцидентиго вклучи алармот од потребата да се ангажираат спасители на сите плажи и капалишта. Во моментов во Охрид од 37 капалишта на крајбрежјето, само на 11 плажи се воспоставени безбедносни критериуми со ангажман на 15 спасители.

Во соседна Струга во ек на сезоната, на капалиштата не се обезбедени нити најнеопходните мерки за безбедно функционирање,спасители има само на една од 17-те плажа. Онаму каде што нема спасители, капалиштата се потполно небезбедни и треба да се избегнуваат,укажуваат од охридскиот Црвен крст.

 “Бројот на ангажирани спасители соодветно на бројот на капалишта кои што ги има на охридското и струшкото крајбрежје секако не е соодветен, секако дека сите капалишта кои што се издаваат односно се користат од капачи и посетители треба да исполнуваат безбедносни услови и критериуми.Она што треба да им се каже на туристите и да се апелира до сите оние кои што доаѓаат да ги користат капалиштата, да ги користат безбедните капалишта”  -вели Сашо Точков од Црвен крст Охрид

Реклама

Никаде, на ниту една плажа долж целото охридско-струшко крајбрежје не е поставена табла на која согласно правилникот треба да стои дека капалиштето е небезбедено,вели Точков.Тој апелира до сите оние кои стопанисуваат со плажите да обезбедат час поскоро спасители, бидејќи во спротивно, ако се случи немил настан, одговорноста ќе биде нивна. Згора на се’ охридскиот центар за безбедност на вода петта година е без бродот амбуланта. 

“Ете го извадивме на површина немајќи финансиски капацитет за да го опслужуваме.Брод амбуланта на едно олкаво езеро би било од голема корист, не само за акутни интервенции она што може да се случува на капалиштата во летниот период и интервенција на соодветна екипа со брз брод туку и преку  целата година.Ние  3-4 болници имаме покрај брегот на езерото”-вели Точков

,Бродот амбулатна прв пар заплови во 2011-та и беше единствен од ваков вид во Македонија. Многу е важно вели Точков,еден туристички центар како Охрид  да има на располагање брз брод амбуланта.Доколку го имавме, можеби ќе беа спасени животите на 4 странски државјани кои починаа на плажите сред пеколни горештини,не почитувајќи ги препораките на здравствените работници.