Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Советот на јавните обвинители усвои правилник за интервјуа и јавна презентација на кандидатите

Советот на јавните обвинители на Македонија денеска го усвои новиот Правилник за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на Македонија денеска го усвои новиот Правилник за спроведување на интервју во постапките за избор и начин на презентација на јавните обвинители. Со правилникот се обезбедува поголема транспарентност и формална рамка во процесот на избор. 

Како што рече членот Ермон Незири, актот е во насока на усогласување со европското право и исправување на аномалии, со обврска кандидатите да се претстават пред јавноста.

– Се работи за подзаконски акти кои се во насока на усогласување на правото со ЕУ.  Правилникот е составен од два дела. Едниот регулира начин на интервјуа,  вториот се однесува на избор на шеф на ОЈО ГОКК. Ценам дека се исправаат некои аномалии, ставаме обврска за кандидатите јавно да се претстават. Направивме чекор, ако ништо друго, јавноста на една седмица ги види кандидатите – рече Незири.

Реклама

Државниот обвинител Савески истакна дека со новите правила се гарантира објективност и се овозможува кандидатите јавно да се претстават. 

– Со овој правилник се прави прогрес од два аспекти, во самиот процес на избор има транспарентност кој во доволна мера ја гарантира постапката, односно дека истата се одвива во некој начин каде што објективните критериуми ќе дојдат до израз, а од друга страна тоа што самите кандидати ќе имаат можност да се претстават себе си – рече Савески.

Членот на Советото, Ардиан Демири нагласи дека досега ваков правилник не постоел, а со него се систематизираат категориите и прашањата за кандидатите.

На денешната седница Советот го разгледа и оцени Годишниот извештај на Јавното обвинителство на Македонија за 2025 година, кој го презентираше државниот обвинител Савески.

Советот денеска ги усвои записниците од 48-та и 49-та седница, а беше донесена и одлука по приговорот за оценување на јавниот обвинител Оливера Нечаковска, која доби позитивна оценка со максимум бодови.