Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Советниците Албанци во Струга бараат промена на имињата на улиците, ВМРО-ДПМНЕ не дава

Промена на имињата на улиците, плоштадите и мостовите во Струга иницираат советниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промена на имињата на улиците, плоштадите и мостовите во Струга иницираат советниците од албанскиот блок партии – идеја која се обидуваат да ја протуркаат цели  2 децении.

„Водени од фактот дека нашата општина е мултиетничка, а голем дел од улиците датираат од некои лоши времиња,сметаме дека задираат во чувствата на граѓаните на Општина Струга”, вели Асим Саитоски, Алијанса на албанците

Вакви обиди имаше во неколку наврати почнувајќи од 2007-та при што како предлози се спомнуваа имиња дури и на контроверзни личности,прашавме како ќе најдат заедничко решение, доколку тоа повторно се случи?

Реклама

Тоа е за дискутирање, контроверзни личности тоа зависи кој како гледа, секој си има свое мислење, свое видување на случувањата од минатото.Тоа е потреба на времето бидејќи го отсликува новиот систем, новиот поредок кој што државата веќе 35 години го доживува така да и градот има потреба за оваа нова реланост”, вели Фармир Емуш од Беса

 „Именувањето на улиците ќе треба да се направи со грижа и почит кон културното и историското наследство на Струга, вклучувајќи имиња на познати личности, историски настани, како и елементи кои го одразуваат идентитетот на овој посебен град, во духот на мултиетничка и мултикултурна заедница” велат од ДУИ

Иницијативата помина со 16-та гласа на советниците од трите албански партии.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, не ја поддржаа,се поднесува велат во изборна година и освен ситно политичко профитерство нема никаква друга ефективна вредност која би им го подобрила животот на стружани.

Ваквите прашања, доколку имаат за цел да ги унапредат меѓуетничките релации, треба да бидат јавно и стручно елаборирани и дискутирани, на сите нивоа на заедницата. Сите досегашни иницијативи на оваа тема завршиле без епилог, од причини што нивното поднесување било предизборна калкулација и непристоен флетр со гласачкото тело, а не искрена заложба да се најде општоприфатливо решениевелат од ВМРО-ДПМНЕ

На седница на Совет именувањето на улиците ќе биде ставено како точна на дневен ред,а треба да се гласа по принципот на Бадентер.Советниците од СДСМ кои се позиција во советот уверуваат дека нема да ја гласаат ваквата одлука.