Реклама
Прилози

Состојбата со нафтената криза во Македонија е под контрола, ОКТА дава дополнителен попуст од еден денар

Редици по бензински пумпи нема, дизел има секаде и тоа доволно, цената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редици по бензински пумпи нема, дизел има секаде и тоа доволно, цената на горивата ќе паѓа за уште еден денар. Нема посериозни поскапувања на останатите производи. Иако нафтената криза на светско ниво се продлабочува, цената на нафтата рипа, состојбата во Македонија е стабилна. Мерката на владата за намалување на ДДВ-то ги дава посакуваните резултати. Во случај на влошување, владата е подготвена итно да преземе дополнителни мерки.

„И друг план имаме за следни чекори доколку есклаира кризата. Цената на берзите на плац на Италија на Флоп Италија за премиум безеоловен и за дизел десетина проценти паднаа, се движат на таа цена утрово. Цените споредено со првите пет дена од претходната недела, овие пет дена втор ден по ред се пониски. Така што ако вака продолжат до петок ние ќе имаме дури и намалување во понеделник на цената на горивото“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија има и доволни количини на мазут. Состојбата со сабдувањето со овој енергенс кој игра голема улога во производството на струја е стабилна. Но, доколку има потреба ќе се ослободат државните резерви.

Реклама

„Добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризна состојба негде околу 3000 тони, не се целосно повлечени, така што можеби ќе ја оживееме таа одлука, да се повлчеат тие количини па потоа евентуално би оделе со нова одлука“, додаде тој.

Засега нема индикации дека поради новата цена на горивата ќе има драматично зголемување на останите цени, односно поглема инфлација. Од Владата ги очекуваат пресметките, за да се превземат дополнителни чекори. Но, засега нема потреба. Олеснителна околност за заштита на стандардот на граѓаните е и договореното дополнително намалување на големопродажната цена со Окта. До шести април македонските граѓани ќе точат поефтин дизел од максимално одредената цена на регулаторна комисија откако Окта одобри дополнителен попуст од уште еден денар или вкуопно 3 денари во следните две недели.

Паралелно со намалувањето на ДДВ од 18 на 10 обезбедивме дополнително намалување на цените и спречивме ценовен шок. Со активна улога на државата и со заедничка одговорност со приватниот сектор да постигнеме заштита на животниот станрдард и стабилноста на економијата, рече Сања Бижиновска, Министерка за енергетика и минерални суровини.

Во моментов, на бензиските станици може да се забележи дека речиси секаде се продава нафта и бензин по пониска цена од одредената од регулаторна вклучувајќи го попустот од ОКТА, а засега само на една до две бензиски станици има дополнителен попуст.