Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Соработници во обвинителството реагираат за селективна правда

А усвојувањето на законот за ЈО ќе донесе и селективна правда, реагираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А усвојувањето на законот за ЈО ќе донесе и селективна правда, реагираат група стручни соработници во обвинителството кои јавно алармираат за неправдата што им се случувала. Имено, до редакцијата на Алфа испратија писмена реакција преку која реагираат дека нивното вработување со години не е регулирано. Тие тврдат дека и покрај тоа што за нив министерството за финансии имало одобрено средства за вработување, работата запнала кај Министерството за информатичко општество и администрација од каде останале без став за решавање на нивната состојба и без каква било одлука.

Всушност, според кажувањата, мислењето од МИОА пристигнало негативно од причина што, барањето до институцијата од ЈОРМ било пратено со задоцнување по истекот на законски предвидениот рок, која околност е технички пропуст на службите во ЈОРМ, очигледно од тенденциозни побуди, се вели во писмото.

Според наведеното, нивниот статус не е регулиран од 2015 година.

Реклама

Во ноември 2019 година, се обратиле лично до Јавниот обвинител кој како што велат, потенцирал дека имало време и им велел да не „напнувааат”.
Согласно Законот за јавно обвинителство кој беше изгласан, во чл.24 од истиот, предвидено е на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од Специјалното јавно обвинителство, да им биде регулиран работниот однос со прераспоредување. Ова го потенцираме од причина што, чувствуваме дека правдата е селективна, за тие лица се изнајде решение, а за нашите судбини очигледно никој не пројавува интерес – стои во писмото од група стручни соработници во обвинителството.