Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

СОНК: Скандалозна е иницијативата на ректорите да формираат засебен синдикат

Во оваа држава секој си прави што сака, остро реагира првиот човек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во оваа држава секој си прави што сака, остро реагира првиот човек на СОНК откако УКИМ реши да направи уште еден синдикат. Иницијатива, ректорите да формираат засебен синдикат на ниво на факултетите е скандалозна и е против законот за работни односи, вели Јаким Неделков. Упати апел до нив под итно да престанат со како што рече атакот врз универзитетите, зашто тоа било кривично дело.

– Ги повикувам ректорите да прекинат со процедурата за формирање синдикални организации при универзитетите. Со самото нивно мешање во организирање и формирање синдкати прават кривично дело за кое постои веројатност да одговараат – тие или овластени од нив – деканите или генералните секретари. Второ би сакал да го повикам МОН веднаш да пристапи кон потпишување на колективниот договор за високо побразование и наука на гранско ниво. Со тој колективен договор ќе се опфатат сите факултети на национално ниво. Доколку е пресложен овој процес и времето е прекратко, тогаш ги повикувам ректорите на универзитетите да го повикаат СОНК како единствен репрезентативен синдикат во дејноста образование, вклучително и високо образование, да потпишеме колективен договор на ниво на работодавец, на ниво на установа. На тој начин би се надминала состојбата таква кавка што тие ја предвидуваат дека доколку не се потпише колективен договор на ниво на работодавец односно со ректорите ќе нема зголемување од 10% на платите, рече Неделков.

Според Неделков целата на новиот синдикат кој се формира предизборно е да не го потпишат колективниот договор со кој просветните работници треба да добијат 10% повисоки плати, бидејќи пари во буџетот најверојатно нема.

Реклама

Претходно, на барањето од ректорите на државните универзитети да се формира нов синдикат реагираше и Независниот академски синдикат. И тие побараа УКИМ веднаш да се откаже, и зашто и онака високото образование го достигнало дното. Сега, на потег се ректорите да се изјаснат што понатаму.

Борис Грујоски