Реклама
Прилози

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на Сиљановска-Давкова, полицијата постапува, обвинителството отворило истрага

Обвинителите истражуваат евентуална шпионажа со електронски податоци од Кабинетот на претседателката Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителите истражуваат евентуална шпионажа со електронски податоци од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Обвителството за гонење организиран криминал отворило истрага лани во ноември откако МВР пријавило дека постојат индиции за незаконски активности од висок државен истерес.

Сомнежите се дека вработен во Кабинетот на претседателката пристапувал до електронски податоци, ги копирал, енкриптирал и складирал на надворешни носачи на податоци, а случајот наводно бил откриен од друго ИТ лице кое го пријавило во МВР.  Неофицијално се шпекулира дека дел од информациите можеле да завршат кај странски разузнавачки структури.

Два телефони кои полицијата ги одземала од пријавениот биле доставени до обвинителството каде се вештачеле. Споделувајќи детали од истрагата која ја водат, обвинителите тврдат дека барале и видео надзор од кабинетот во периодот кога се случил настанот, кое според нив е во надлежност на МВР.

Реклама
  • На 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на Претседателката, со задолжение до обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази“ соопштија од ОЈО за ГОКК.

Од полицијата одговараат дека службите постапуваат по насоките од обвинителството.

  • Од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР се преземаат соодветни мерки и активности, односно одземени се компјутерска опрема и мобилни телефони. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Извршен е службен разговор со лица вработени во Кабинетот на претседателот и за истите доставено е известување до ОЈО ГОКК. По целосно расчистување на случајот јавноста ќе биде соодветно известена – велат од МВР.

Во меѓувреме, според неофицијални информации, до обвинителството била доставена и анонимна кривична пријава од вработени во МВР, со истите наводи.

Потпишаните на пријавата, барале отворање на постапка со друг обвинител, форензичко вештачење на сите електронски уреди и сервери, веројатно добро упатени во истрагата која веќе се водела.