Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Соларен саем во Кичево организира Центарот за климатски промени

Центарот за климатски промени денеска организира Соларен саем, што ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за климатски промени денеска организира Соларен саем, што ќе се одржи од 10 до 13 часот на Градскиот плоштад во Кичево.

Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер-граѓанин кој произведува и троши сопствена електрична енергија.

Во рамки на саемот ќе бидат поставени штандови од различни организации и компании со што граѓаните ќе можат директно да се информираат за технички решенија, понуди и практични аспекти за инсталација. Ќе бидат организирани и интерактивни активности и демонстрации поврзани со користење на соларна енергија, меѓу кои и симулации на производство и користење на електрична енергија, како и интерактивни работилници за деца со цел на најмладите да им се доближи концептот на обновливи извори на енергија на
забавен и едукативен начин, информира организаторот.

Реклама

Настанот е дел од пошироките напори за зголемување на јавната свест за одржливи енергетски решенија и поттикнување на енергетската транзиција. Во рамки на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, кој се спроведува во рамките на „Финансирање
на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансформативна климатска правда во Европа и пошироко“, координиран од CAN Europe и кофинансиран од Европската Унија, годинава ќе бидат реализирани вакви Соларни саеми и во Битола и Прилеп. Целта е дополнително да се доближат можностите за користење обновливи извори на енергија до пошироката јавност и да се поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција.