Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Сојузот на борци од НОАВМ-Тетово со осуда на наративите во пресрет на вториот круг од локалните избори

Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и граѓаните продолжувачи од Тетово во соопштение изнесе осуда на искажаните ставови на дел од политичките партии во пресрет на вториот круг на локалните избори. Тие сметаат дека се искажани ставови и изјави кои придонесуваат за етничка нетрпеливост и раздор, како и дека се насочени кон загрозување на територијалниот интегритет и унитарноста на државата. 

-Иако сме крајно загрижени за состојбата, а поради принципиелност се воздржувавме од коментирање на политички теми во тек на изборниот процес, сметаме дека моменталниот развој на настаните бара итна реакција од сите одговорни општествени чинители. Изјавите на Билал Касами, Хаким Рамадани, Енвер Пајазити и останати во кои повикуваат на етничко обединување и гласање против Македонците, одбрана на територии и слично се ретроградни, опасни и нанесуваат непоправливи штети. Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава која е дом на сите граѓани, се вели во нивното соопштение.

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ- Тетово во дописот истакнува барање – државата да биде будна и државниот врв да ги осуди ваквите изјави. Воедно со порака до граѓаните – не само да не гласаат етнички, туку да не гласаат ниту по партиски насоки, туку слободно и во интерес на јавното добро и иднината.