Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Сочувство од Здружението на судии за убиството на судија во Албанија: Ова е сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција

Здружението на судии на Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на судии на Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност.

– Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија, се наведува во соопштението на Здружението на судии. 

Тие воедно повикуваат на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено, како што се наведува, од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани.

Реклама

Здружението на судии на Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество, се посочува во соопштението. 

Во Апелацискиот суд во Тирана вчера беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој подоцна почина во болница. Во него пукало лицето за кое било прочитана пресудата на судот.