Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

Собраниска делегација во Брисел на состаноци на ПС на НАТО

Делегација на Собранието, предводена од Драган Ковачки, во чиј состав се и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието, предводена од Драган Ковачки, во чиј состав се и Славјанка Петровска и Илир Хасани, учествува во Парламентарното собрание на НАТО во рамките на традиционалните февруарски состаноци, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на состаноците предвидено е учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел продлабочување на дијалогот во НАТО-институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.

На состанокот со Северноатлантскиот совет, со кој заеднички претседаваа претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело, и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваа шефовите на националните парламентарни делегации.

Реклама

Во обраќањата и дискусиите, како што се наведува во соопштението, било истакнато дека НАТО, соочен со безбедносни предизвици, останува камен-темелник и гарант на колективната одбрана и заедничките демократски вредности, а посветеноста на земјите членки содржана во договорот од Вашингтон и понатаму ќе ги чува граѓаните безбедни.

– Обврските од sамитот на НАТО во Хаг се историски во контекст на јакнењето на aлијансата, а сега, во предвечерието на самитот на НАТО во Анкара, тие треба да се финализираат со највисока стапка на реализација. Беше истакнато дека и покрај разликите во текот на децениите, Европа и Северна Америка успеваат да најдат заеднички јазик за отворените прашања. Парламентарците се согласија да продолжат со поддршката за Украина и да работат заедно на мировен договор со цврсти гаранции и спречување на идни деструктивни дејства – се вели во соопштението.

За време на состаноците во комитетите биле дискутирани прашања поврзани со одбраната и безбедноста на секој метар од евро-атлантскиот простор, руските и кинеските предизвици по евро-атлантската безбедност, хибридните закани и НАТО во контекст на стратешко планирање, НАТО-партнерствата како витален и важен дел од политиката на алијансата, визиите кон НАТО 2035, како и за напорите на ЕУ и НАТО во развој на одбранбената индустрија и безбедносните капацитети и улогата на парламентот во процесите на одлучување. Се разговарало и за состојбата со безбедносните ризици во Европа, стратешките приоритети на алијансата и важноста на колективната одбрана во контекст на новите глобални предизвици.

– Парламентарците имаа можност да се вклучат во директна дебата со повеќе истакнати и реномирани говорници, а им се обратија и белгискиот министер за одбрана и надоврешна трговија, Тео Франкен, заменик-генералниот секретар на НАТО, Џејмс Апатураи, и заменик-шефот на НАТО-претставништвото во Украина, Петер Хауге Берг – се наведува во соопштението.

Учеството на делегацијата на овој настан, се додава во соопштението, претставуваше значајна активност во зајакнувањето на парламентарната дипломатија и поддршката за реформските чекори во глобалните динамични процеси, кои се од суштинско значење за нашата земја како членка на НАТО.