Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Собраниска делегација на Трансатлантски парламентарен форум во САД

Во рамките на годишните активности на Парламентарното Собрание на НАТО (НАТО ПА),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на годишните активности на Парламентарното Собрание на НАТО (НАТО ПА), на 25. годишниот Трансатлантски парламентарен форум, што се одржа од 8 до 10 декември 2025 година во Вашингтон, САД, учествуваше делегација на Собранието на Македонија, составена од: Драган Ковачки, шеф на делегацијата; Илир Хасани, член на делегацијата; Славјанка Петровска, член на делегацијата.

На почетокот на Форумот се обратија: Мајкл Р. Тарнер, шеф на делегацијата на САД во НАТО ПА; Маркош Перестрело, претседател на НАТО ПА; и д-р Бенедета Берти, генерален секретар на НАТО ПА.

Настанот собрал голем број парламентарци од земјите членки на НАТО, како и конгресмени, претставници на Атлантскиот совет.

Реклама

Форумот претставуваше најголемиот годишен собир на европски и северноамерикански пратеници. Оваа година ги обедини над 130 избрани претставници од сите 32 сојузнички земји на НАТО. Во текот на овие три дена, тој ги собра сојузничките пратеници, високи претставници на САД и НАТО, како и водечки експерти, за дискусии посветени на заедничките трансатлантски безбедносни приоритети.

Во фокус на Форумот беа некои клучни приоритети за трансатлантската заедница  од зајакнување на нашата одбранбена индустриска база до поддршка на Украина и продлабочување на глобалните партнерства .

Учесниците дискутираа за глобални предизвици, меѓу кои:

·        „Одбранбен арсенал на иднината и зајакнување на одбранбената индустриска база“; 

·        „Овозможување квантен искорак во колективната одбрана  заштита на стратешките ресурси, вклучително и демократските системи, од хибридни закани и принуда“; 

·        „Овозможување квантен искорак во колективната одбрана – одбранбена индустрија“; и 

·        „Инвестирање во партнерства и допирање до јавноста во нашето сооседство и понатаму“.

Меѓу  обраќањата и предавањата на Формумот, свој говор имаше и Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на НАТО, со осврт на современите предизвици и перспективите на трансатлантската безбедност.

На Форумот беа истакнати важноста на кохезивните и координирани акции на НАТО, вложувањата во одбраната и иновативните технологии, како и партнерската политика со региони од посебен интерес за Алијансата.

Учеството на собраниската делегација придонесе кон зајакнување на парламентарната дипломатија и продлабочување на соработката со партнерите во рамките на НАТО ПА, како и кон подобро разбирање на глобалните безбедносни предизвици и стратешките приоритети на Алијансата.