Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.

На дневен ред е и Предлогот на закон за ратификација на изменувањето на Протокол 4 кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство, кој се однесува на дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка, согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство од 26 јануари 2026 година.

Пратениците ќе расправаат по Предлогот на закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), согласно Одлуката на Мешовитиот комитет бр. 2/2024, донесена на 9 октомври 2024 година, со која се предвидува олеснување на електронската трговија.

Реклама

Собранието ќе расправа и по Предлогот на закон за изменување на Законот за Царинската тарифа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, и двата по скратена постапка, како и по Предлог-одлуката за давање согласност на статутарните измени на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во рамки на седницата треба да биде разгледан и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, во прво читање.