Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Собранието ќе ја одржи 121. седница, на дневен ред именување на вицегувернер на НБМ и усогласувања со Законот за високи раководители

Собранието денеска ќе ја започне 121 седница на која на дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја започне 121 седница на која на дневен ред се ставени 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлог-национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високите раководители.

Пратениците треба да гласаат за именување на Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка на Македонија. Народната Банка имаше распишано јавен оглас за испразнетото место на вицегувернер.   
 
На дневен ред на седницата се ратификациите на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната. Се очекува на натамошно читање да биде даден Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, а ќе биде расправано и за Предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година. 

Народните избраници треба да гласаат и за Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија. 

Реклама

На дневен ред се и повеќе закони по скратена постапка со кои се вршат усогласувања со Законот за високи раководители. Станува збор за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за Геолошкиот завод на Македонија, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за државната статистика, на Законот за Царинската управа, на Законот за јавните набавки, на Законот за метрологијата, на Законот за стоковните резерви, на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за Централен регистар, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, на Законот за безбедност на храната, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Законот за Регистар на задолжително социјално осигурување, на Законот за класифицирани информации, на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за вештачење, на Законот за катастар на недвижности, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за рамномерен регионален развој, на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, на Законот за управување со кризи, на Законот за заштита и спасување, на Законот сигурност во железничкиот систем, на Законот за управната инспекција, на Законот за архивски материјал и архивска дејност, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за административни службеници, на Законот за животната средина, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за инспекцијата на труд, на Законот за извршување на санкциите и на Законот за внатрешната пловидба. 
 
Собранието треба да го разгледа и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.