Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, кој е дел од реформската агенда.

Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон.

– Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија и вратен со позитивно мислење. Во него се имплементирани сите препораки на европските тела, истакна Деребан.

Реклама

Со предложеното законско решение, нагласи, се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.

– Со овој закон значитeлно се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот на јавни обвинители, се регулира една транспарентна постапка за избор на членовите на Советот на јавните обвинители, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот на јавни обвинители, се уредува постапката по жалба и тужба при постоење на управен спор. Овој закон е реформски и не гледам причина зошто едногласно да не биде усвоен од страна на Собранието, рече Деребан.

За пратеничката од НСДП Соња Мираковска овој закон не претставува реформа, бидеќи, според неа, не ги дава клучните одговори на забелешките од Венецијанска комисија. Осврнувајќи се на дел од амандманите на опозицијата кои не биле прифатени кажа дека ќе гласаат против ова законско решение.

– Овој закон не е реформски. Не дава одговор на нашата задача која ја имаме од страна на Европската унија. Зборувавме многу често дека за една добра реформа не е доволно само јавна расправа на која ние ќе молчиме, а ќе влезат експертите и ќе разговараат. Има потреба од сериозно вклучување на опозицијата, разговор меѓу нас, но тоа не се случи. Ние овој Закон нема да го поддржиме ќе гласаме против, бидејќи сметаме дека ова не дава одговор ова не е реформа, рече Мираковска.

Собранието ги донесе законите за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка и соработка во областа на образованието меѓу Владите на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, како и Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Европската инвестициска банка во однос на основањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во Македонија.

Пратениците ги прифатија првите читања на предлог на законите за младински додаток, за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони и за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ги дадоа на натамошно второ читање. Не го усвоија предлог законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од пратеници на Левица.