Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Со злоупотреба на протестот на студентите, ДУИ и Ахмети очајно се обидуваат да се факторизираат на политичката сцена

Веење албански знамиња, извикување на УЧК. По неколкумесечна целосна изолација на политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веење албански знамиња, извикување на УЧК. По неколкумесечна целосна изолација на политичката сцена, ДУИ се обидува да се врати преку своите одамна познати националистички изблици. Вчерашниот протест, со барање за проблем за кој во Владата веќе се изнаоѓа решение, е само доказ за тоа. Иако Косово и Албанија официјално немаат никаква релација со овој случај, сепак ДУИ ги активирале своите инсталации во овие две земји, за да се обиде да го напумпа проблемот со студентите. За познавачите, со ваквиот обид ДУИ повторно се обидува преку етнички теми да го сврти вниманието кон себе.

„Вчерашните протести покажаа дека не се протести на студентите, туку се политички барања, една платформа на една политичка партија која се затскрива зад студентите. Протестот вчера имаше сѐ, но не и права на студентите“, изјави аналитичарот Љуљзим Фаризи.

Поранешниот министер за надворешни работи и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, со веќе добро познатата реторика за европски вредности, се обиде случајот да го претстави како прашање на права и еднаквост. Најави и дека за тоа ќе ја извести и меѓународната заедница.

Реклама

Сепак, наместо смирување на состојбата, за познавачите ваквата реторика дополнително ја поттикнува етничката поларизација. Затоа што токму во периодот кога ДУИ беше дел од власта заедно со СДСМ, речиси ништо не направи за подобрување на условите и статусот на албанските студенти и дека на овој начин, со повикување на Европа, само се обидуваат да го скријат криминалот направен за време додека ја имаа власта.

„Секогаш ДУИ единствена карта во минатото ги имаше етничките прашања, никогаш немаше социјала и економски развој. Единствена цел е политички да преживеат преку големи идеи, односно на правата на Албанците во државата. Тие со таа идеја пак што ја враќаат, односно на европски интеграции и пак да се повикаат на странскиот фактор, односно на САД и ЕУ, корумпираните политичари кои секогаш ќе скандираат Европа и САД, односно албанските лидери, тоа значи дека тие се фатени во криминал и корупција“, изјави аналитичарот Љуљзим Фаризи.

Инаку, вчерашниот протест беше втор во низата обиди на албанските студенти да можат да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. Тие од Камениот мост измаршираа до Министерството за правда, каде повикаа и на оставка од министерот Филков.