Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Со традиционалното капење на рибарите во Охридското езеро се заокружуваат Богојавленските чествувања

Со охридска страогратска песна,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше. Овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со охридска страогратска песна,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше. Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана возраст.

Амбиентот е прекрасен,луѓето се сите весели,сите се познаваат се поздравуваат едни со други и тоа  навистина за денешни услови е прекрасно.Имате друга прилика некаде на друго место да слушнете охридска старогратска песна како тука? А не,овде изворната песна е навистина најубаво да се чуе; Јас прв пат сум на денот за рибарите,за Богојавление имам доаѓано и планот ни беше да си одиме вчера, меѓутоа не убедија охриѓани дека и денешниот ден е исто така многу интересен и затоа останавме, амбиентот е прекрасен

Со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката.

Реклама

 “Oва за охриѓани значи многу, ова е една традиција која што мора да продолжи понатака,порано до 90-та година не беше,но сега се радуваме на овај ден и едвај чекаме да дојди.Господ да ни е на помош”-вели Крсте Шешов

 За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување за кое со гордост раскажуваат многу анегдоти.

 Оригинално,ден на рибарите е Перовден Павловден бидејќи Свети Петар бил рибар но на овој ден завршувала забрана за ловење на пастрмка бидејќи во овој период се мрести во езеро. Кога ќе завршел татиљот првото фаќање на риби се крстеле и влегувале во вода да се капат –вели Љупчо Малов, рибар

Поради истребувањето на ендемичните видови риба, за разлика од едни дамнешни времиња,пастрмка сега нема ни за лек, а не пак за чорба.

Имаше колку сакаш и евтино беше, денеска не,денеска све е со крадење; Сега само грунци и плашици, тешко е за риба; Како нема риба, каде што има езеро има и риба не е во планина отидена ,туку ноќе рибата излегува и рибарите ноќе излегуваат

Инаку најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка  22 кг.

Росица Голабоска