Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Со современи апарати се модернизираат здравствените установи во земјава

 Околу 60 проценти од здравствените установи во државава веќе се дигитализирани. Засега,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Околу 60 проценти од здравствените установи во државава веќе се дигитализирани. Засега, од овој процес, од објективни причини, иземени се само помалите установи главно во источниот дел од земјава. Но, намерата на ресорното Министерство и на Фондот за здравствено осигурување е со дигитализацијата да бидат опфатени сите здравствени установи, на што веќе и интезивно се работи, обелодени денеска од Прилеп, директорот на Фондот за здравствено осигурување.

  „Значи, не е сегде иста состојбата. Имаме многу општини каде што здравствените услуги не ги даваат општи болници, туку ги даваат здравствени домови. Таму, најчесто се аналогни се’ уште, значи зборувам за помалите општини на истокот. Веќе е завршена дигитализацијата на општата болница во Кичево, а набргу ќе бидат и другите општи болници и здравствени домови каде што не е спроведен процесот на дигитализација и за рентгените, и за мамографите“, – изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

   Општата болница во Прилеп е првата каде што денеска официјално беа предадени во употреба два современи кабинети со дигитална апаратура за Рентген одделението и за Педијатрија. Рентгернскиот дигитален систем со безжичен пренослив детектор и маса за пациентите прилагодлива според висината е во вредност од блузу 9,5 милиони денари, сопствени средства на болницата. А додека ЕЕГ- апаратот за педијатриските пациенти, е донација во вредност од 28.000 евра и е прв таков апарат надвор од Педијатриската клиника во Скопје.

Реклама

  „Денес ми е драго што ја направивме последната аналогна снимка во Рентгерн одделот во Прилеп, и на тој начин ја затворивме таа стара аналогна ера и влеговме во дигитално време…Оваа набавка на овој рентген апарат во поновата историја на Општа болница Прилеп од независноста до денес, во поединечни средства е најголемата и најскапата јавна набавка на медицинска опрема“ – рече д-р Оливер Димитриоски, началник на Оддел за Рентген-дијаностика.

 „Со овој Кабинет и со кадарот кој што ќе работи во него, нашето Одделение се поставува како лидер во невро-педијатриската грижа во регионот…Кабинетот е наменет за видео ЕЕГ, метода која што е златен стандард во современата детска неврологија“, – кажа д-р Габриела Тавчиоска, педијатриски невролог.

 Според директорот на Болницата д-р Кире Јоноски, набавката на нови апарати, но и на стручен кадар, ќе продолжи и понатаму, особено што Болницата и финансиски веќе е консолидирана.