Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, Стерјовски ја запознал Романа Д’Антуоно, копретседател на Volt Europa

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на  Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА),  се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент.  -За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на  Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА),  се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент. 
 
-За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, особено за притисоците и обидите за асимилација што доаѓаат од страна на Бугарија. Истакнав дека правото на слободно национално самоопределување и зачувувањето на македонскиот идентитет се темелни европски вредности кои мора да бидат почитувани и заштитени, информираше Стерјовски. 
 
Бидејќи живее и работи во Рим, додава тој, предложив да ги посети Македонците од Албанија кои живеат во Италија, особено во Рим, и да присуствува на некоја од нивните традиционални прослави и собири. 
 
Воедно, ја поканил да го посети македонското малцинство во Албанија и одблиску да се “запознае со нашата богата култура, традиција и секојдневните предизвици со кои се соочуваме”. 
 
-Верувам дека преку дијалог, соработка и меѓусебно разбирање можеме да изградиме посилна поддршка за заштитата на човековите и малцинските права во Европа, нагласува тој. 


 
Стерјовски учествува на Генералното собрание на ЕФА што се одржува во Гандија,  Шпанија, каде на дневен ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија. 
 
МАЕИ  во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса.