Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите, утре започнува новата учебна година

Обезбедени учебници, подновени училници, оптимизација на наставниот процес но и укинување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбедени учебници, подновени училници, оптимизација на наставниот процес но и укинување на дел од паралелките. Стартот на учебната година носи новини, но и предизвици за образовниот систем. Наставата стартува за 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. Дополнителните уписи се во тек и се чека на конечната бројка првачиња, која според проценките ќе биде помала за три илјади. За надлежните е клучно дека учебниците и годинава не се предизвик. Навремено се обезбедени 622 илјади учебници, а според министерката за образование и наука Весна Јаневска, за набавката се направени заштеди од 50 милиони денари.

„Трета година по ред, учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Истите се испорачани и уште утре можат да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето за учебници повеќе не е предизвик како во минатото. Годинава, набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредбено со годината пред да го преземам раководењето со оваа институција“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Едносменска настава ќе има во 620 училишта – целта е наставниот процес да биде поорганизиран, а учениците да имаат повеќе време за учење и други воннаставни активности. Поради помалиот број ученици привремено ќе бидат затоврени 26 подрачни училишта, додека 148 училишта во моментов се празни. Оптимизацијата носи и намален број на паралелки, но надлежните уверуваат дека ниту еден редовно вработен наставник нема да биде отпуштен поради овој процес.

Реклама

„Ќе се одвива едносменска настава. Ова е концепт за кој се залага Владата затоа што обезбедува повеќе придобивки – во преден ред се интересите на децата, поголема концентрација на часовите, оголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да стекнат соодветни вештини“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Професорите, пак, во март следната година ќе добијат ново зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти, во зависност од инфлацијата. Паралелно продолжуваат  и инвестициите во училишната инфраструктура. Завршени се реконструкции во околу 20 објекти, а се градат и реконструираат уште 50 други. Поддршка ќе има за учениците со посебни образовни потреби – за таа цел, во основното образование се ангажирани 1.358 образовни асистенти, а во средното 166.