Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

Со новата резолуција СДСМ продолжува да ги поткопува македонските национални интереси

После сите пропусти и грешки, потклекнувања на барањата од соседите, сервилност, носење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После сите пропусти и грешки, потклекнувања на барањата од соседите, сервилност, носење одлуки без консензус, СДСМ сега, пред избори се oбидува да се претстави како спасител и чувар на националните вредности, иако резолуцијата го покажува сосем спротивното – брзо исполување на сите бугарски барања. Документот на Венко Филипче не само што е спорен зошто во него се вметнати обврските кои ни ги налага Бугарија, а кои го загрозуваат идентитетот, туку е и задоцнета.

Еден дел од резолуцијата се однесува и на тоа – прашањата поврзани со билатералните договори кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи нашиот евроинтегративен процес. 

 И да, ова е логично, но  според упатените, ова требаше да се прецизира уште пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. 

Реклама

Се даваат на некој начин, гаранции, самите на себе, се дава некаква определба дека ова ќе биде последна пречка во текот на преговорите. Знаеме дека гаранциите не можеме сами на себе да ги дадеме туку гаранции треба да го даде ЕУ. Дополнително, сметам дека ваков документ во очи на кампањата има шанса цел овој процес да биде вовлечен во една дневна политика, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

СДСМ отиде и подалеку. Во Резолуцијата се наведени конкретните рокови во чии рамки треба да се спроведат уставните измени и покрај тоа што консолидиран став на Владата е дека отворање на Уставот може да има само ако амандманите бидат со одложено дејство. Според есапот на Филипче, Собранието би требало да ја започне постапката за измена на Уставот најдоцна до 15 декември 2025 година, а истата да заврши до 10 февруари 2026 година. 

Уште еден недостаток е токму наведувањето на роковите. Резолуциите треба да содржат одредби, но роковите се дел од процедурата која е пропишана во собраниските документи. Она што треба да постигнат партиите, тоа е консензус кој се однесува на самата содржина, а роковите да се остават на тоа како ќе тебе процедурата во Законодавниот дом, додава Наумовски.

Во делот кој се однесува на јазикот и идентитетот, се користат истите тези, дека треба да бидат почитувани од сите државни институции но и од меѓународната заедница, нешто што се подразбира и без резолцуија. Се бара и целосно почитување на веќе постоечката собраниска резолуција по ова прашање, која владата на СДСМ и ДУИ целосно ја прегази со прифаќањето на францускиот предлог.

Филипче се надева дека партиите ќе дадат придонес во содржината на резолуцијата и ќе ја поддржат бидејќи Владата како што рече, досега не успеала да договори со ЕУ одложени уставни измени и да обезбеди гаранции.