Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Со меѓународен археолошки тим продолжуваат истражувањата на Стакина Чешма во Валандово

На локалитетот Стакина Чешма кај Валандово во тек се годинашните археолошки истражувања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На локалитетот Стакина Чешма кај Валандово во тек се годинашните археолошки истражувања, кои, според информациите од локалните власти, се реализираат со учество на меѓународен тим стручни археолози.

Во истражувањата се вклучени археолози од Универзитетот „Никола Коперник“ од Торун, Полска, заедно со стручни екипи од Националниот археолошки музеј на Македонија и Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица“.

Годинашната кампања е насочена кон дополнително истражување на локалитетот и делумна конзервација на археолошките структури, со цел нивно подобро проучување, заштита и зачувување за идните генерации, велат општинските власти.

Реклама

Оттаму најавуваат дека во текот на следната недела, едукатори од Археолошкиот музеј ќе организираат едукативна работилница за изработка и запознавање со мозаиците, наменета за учениците од основните училишта во Општина Валандово. Работилницата ќе им овозможи на учениците на интересен и практичен начин да се запознаат со дел од археолошкото наследство на својот крај.