Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Со криминалците нема пакт и нема сојуз, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Со криминалците нема пакт и нема сојуз. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговора, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот роденден. Христијан Мицкоски вели дека Македонија забрзува кон европскиот пат и дека неговата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори, каде што правото и правдата ќе важат еднакво […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со криминалците нема пакт и нема сојуз. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговора, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот роденден. Христијан Мицкоски вели дека Македонија забрзува кон европскиот пат и дека неговата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори, каде што правото и правдата ќе важат еднакво за сите.

Ќе ги гониме каде и да се, со криминалот и криминалците пат и сојуз нема, затоа се немирни, затоа се нервозни. Последниот нивен жилав бастион се малкумина корумпирани судии и обвинители и нив ќе ги поразиме наскоро. И ќе одговараат оде прв до последен“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Ќе се расчистува и со актуелни функционери кои не ги испорачуле очекуваните резултати. Премиерот вели дека веќе се работи на  најавената реконструкција на Владата,

Реклама

Очигледно и такви на кои фотелјата им стана помила од контактот со народот, добивам поплаки дека дел од министрите, директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Премиерот вели дека Владата која тој ја преводи две години досега испорачала сериозни резултати, покажала дека со скромни ресурси може да се направи многу – Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП, со историски рекорд од 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции и земја во која во исто време се градат шест нови автопатски делници.

Мицкоски уште еднаш порача дека неговата партија е подготвена за избори во секое време, но и дека не се тркала со опозицијата која одамна не била репер, се тркала да биде подобра за народот и за државата.