Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Со конференции, изложби и филмски проекции ќе биде одбележана 26. Недела на италијанскиот јазик во светот

Дваесет и шестото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот посветено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и шестото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот посветено на темата „Генијален јазик: осмислуваме, проектираме, создаваме со италијанскиот јазик“ ќе се одржи од 17 октомври до 7 ноември.

Манифестација организирана од Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со академски институции и локални партнери ќе опфати научни конференции, книжевни и лексикографски настани, филмски проекции, работилници, промоции и информативни средби за можностите за студирање во Италија.

Официјалното отворање е закажано за 19 октомври во Europe House во Скопје со предавањето „Помеѓу традицијата и иновацијата: студиите по италијанистика во ерата на вештачката интелигенција“, што ќе го одржи проф. д-р Ана Илиевска.

Реклама

Во програмата се предвидени и конференции посветени на делото на Луиџи Пирандело, промоција на првиот италијанско-македонски фразеолошки речник од проф. д-р Радица Никодиновска, литературни средби, како и настани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат организирани и повеќе филмски проекции, меѓу кои „Барачи на ангели“ на режисерот Леополдо Пескаторе, документарниот филм „Фердинандо Шана – Фотографот на сенката“ на Роберто Андо, како и филмот „Речиси милост“, инспириран од животот на нобеловката Грација Деледа.

Дел од програмата ќе бидат и активности посветени на италијанската гастрономија, мода и култура, вклучително и работилница за подготовка на традиционални орекиети во Струмица, како и презентации на студиските можности и стипендиите што ги нудат италијанските универзитети.

Затворањето на манифестацијата е предвидено за 7 ноември во рамки на саемот Study Abroad Fair Skopje, каде Амбасадата на Италија ќе ги претстави можностите за студирање и академско усовршување во Италија.