Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Со кои фирми потпишувале тендери и што набавувале Груби и Бајрами?

Освен кривична пријава и истрага во обвинителството  избеганите поранешни функционери во Македонија Артан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Освен кривична пријава и истрага во обвинителството  избеганите поранешни функционери во Македонија Артан Груби и Перпарим Бајрами веројатно се поврзуваат и преку спорни тендери?Нивните имиња освен на страната на МВР , се забележуваат и на договорите за јавните набавки. Неретко се забележува дека Државна лотарија и министерството за политички систем и односи меѓу заедниците бирале иста фирма за одредена услуга платена со државни пари.

Покрај тендерите склучени со Ритрон Копи кои според информации до кои дојде Алфа се предмет на истрага во Финансова, Груби и Бајрами на пример ја бирале компанијата Медиа Груп ДООЕЛ. Интересно е што токму оваа фирма одреден период е регистрирана на улица Боро Вулиќ бр 6 во Тетово, на која иста адреса е запишана и омилената фирма на ДУИ Арбериа Дизајн.  Тендер вреден 67 154 илјади евра  со Медиа гроуп склучува Државна лотарија на 26.06.2023 година и го потпишува Перпарим Бајрами.

Четири месеци подоцна, на 5 октомври Артан Груби набавува од истата фирма Медиа Гроуп Дооел Тетово репрезентативен материјал за скоро 6 илјади евра ( 5756).  Министерството по еден месец, на 13 ноември  склучува договор за набавка за печатарски материјал и услуги во износ од скоро 20 илјади евра (19.187)

Реклама

Со Арбериа Десинг пак  Перпарим Бајрами склучува договор во износ од  скоро 290 илјади евра (287 805 ) илјади евра, додека министерството за политички систем и односи меѓу заедниците склучуваат вкупно 11 тендери од 2019 – 2023 година  или 774 197 илјади евра со оваа фирма. Тендерите се за одбележување на Денот на Албанската азбука кој го организираше ова министерство и за одбележување на годишнината на Рамковниот договор.

Според информациите до кои дојде Алфа, финансова во моментов истражува за шест тендери кои се склучени во периодот од 2022 – 2024 во државната лотарија.

Неофицијално, станува збор за набавки за компјутери, компјутерска опрема и телевизори од компанијата Ритрон Копи која е со седиште во Куманово, а сопственикот е од Липково. Фирмата е формирана во мај 2014-тата година. Она што  можеше да се забележи е дека од 2020 до 2023 та година Ритрон копи склучува тендери и со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде министер случајно или бил Артан Груби. Вкупно се потрошиле 67.904 илјади евра. Досега официјално кривични пријави има само за организирање игри на среќа без лиценца, за незаконско формирање на Нова државна видеолотарија како и за набавка на видеолотариски терминали. Вкупната штета се проценува на над 8 милиони евра.