Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун отворена меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2026“

– Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун, насловена „По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изложба на дела од турската уметница Мелихат Тузун, насловена „По стапките на животот“, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ беше отворена меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2026“, на која учествуваат голем број ликовни уметници од земјава и странство. Колонијата се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа.

На настанот беше кажано дека Тузун е член на Меѓународното здружение на ликовни уметници на Република Турција, претседател на Турското здружение на уметници за оригинална графика. Во 1995 година ја добила првата награда за оригинална графика од Фондацијата „Ајше и Ерџумент Камил“. Има одржано повеќе од 20 самостојни изложби во Турција и во странство и учествувала на бројни национални и меѓународни биеналиња, работилници и групни изложби. Нејзините дела се дел од колекциите на многу национални и меѓународни музеи, јавни институции и организации.

Директорот на Домот на културата, Методи Глигоров, рече дека станува збор за преубави пејзажи.

Реклама

-Уметницата не ја разгледува природата само како поле на визуелно прикажување, туку и простор на искуство во кој се гледа преживеаното – истакна Глигоров.

Организаторот и куратор на ликовната колонија, Владимир Темков нагласи дека ова е нешто посебно за уметниците и љубителите на уметноста,  затоа што се слави уметноста.

-Славиме 30 години од Кавадаречката ликовна колонија, една од најубавите и најголемите колонии во Република Македонија, а можеби и на Балканот – подвлече Темков.

Пред присутните се обратија и професорот Фехим Хусковиќ и уметницата Тузун.

Во рамките на настанот, беа доделени благодарници на општествено одговорни субјекти, кои дале придонес за одржување на колонијата низ годините.