Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Со бесплатен превоз, во Битола ќе се бие битка против аерозагадувањето

Локалната власт на Битола, во деновите со високо ниво на аерозагадувањето, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната власт на Битола, во деновите со високо ниво на аерозагадувањето, на граѓаните ќе им овозможи бесплатен јавен превоз што ќе го субвенционира општината.

Оваа идеа на градоначалничката ја прифатија и градските превозници, во денови кога концентрацијата на ПМ- 10 честички е поголема од 100 мк/грами, да возат бесплатно а општината да им плаќа според износи од триесетдневниот просек, за што денеска се одржа и вонредна седница.

-Упатив брање до превозниците во општина Битола, со што ќе овозможат во критично загадените денови граѓаните да се возат без наплата на билети, зашто, општината од сопствениот буџет ќе изврши надомест во визина од просечниот приход во последните 30 дена. Бидејќи одговорот веќе го имаме, следува седница на совет со донесување на одлука за законско имплементирање- рече битолската градоначалничка м-р Наташа Петровска.

Реклама

Колкаво фајде од оваа мерка ќе видат битолчани, не е тешко да се претпостави, меѓутоа првата дама на битола, рече дека е отворена за идеите на опозицијата, а тие тоа го нарекоа- лицемерие.

-Пред неколку дена организиравме протест на кој побаравме општината да направи пунктови на кои ќе се делат маски за да ги заштити битолчани, бидејќи во тој момент тоа бешѓе единствената брза мерка која можеше да ја спроведе општината, а наместо тоа, бевме нападнати дека сме вандали- рече Габриела Илиевска координатор на советничката група “Попинаку“.

– Ова е трета зима како Птеровска е градоначалник и уште еднаш како во вода паднаа нејзините лаги дека суштински ќе го решава проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во Општина Битола. Искрено, очекувавме многу повеќе од “борците за заштита на животната средина“- рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Сепак, опозициските советници рекоа дека ќе предложат неколку краткорочни мерки- континуирано субвенционирање на јавниот превоз, обезбедување маски за основците и средношколците и бесплатен превоз до излетничките места за викенд, а за учениците секој ден за време на распустот.

Дел од средношколците денеска предвреме ја напуштија наставата, а за идниот петок најавуваат протести. Но, колку општинската администрација ги почитува препораките да се користи јавниот превоз, денеска можеше да се види на паркингот каде што речиси сите вработени беа дојдени со свои возила.

Петар Стефановски