Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Снегот оваа зима не ги изненади надлежните, Македонија се чисти, службите на ниво на задачата

Дводневните обилни врнежи од снег очекувано го забавија сообраќојот во земјава, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дводневните обилни врнежи од снег очекувано го забавија сообраќојот во земјава, но не го парализираа. Сите државни патишта генерално се проодни, снегот од коловозите се чисти континуирано, а сообраќајот се одвива во зимски услови со препораки за максимално почитување на условите на патот, уверуваат надлежните. Единствено, на вообичаено најкритичните планински превои, се’ уште има активна забрана за тешките товарни возила. Но, и таму, интензивно се работи за во текот на денов сообраќајот да биде пуштен за сите возила.

Иста е состојбата и на превојот Плетвар, каде во последниве два дена, коловозот редовно се чисти со три специјализирани возила, а посипени се и околу 160 метри кубни мешан материјал од песок и ризла.

Сообраќајот на Плетвар за лесните возила цело време се одвива без застој, но во зимски услови. Проблеми се појавија само со неколку тешки товарни возила оти немаа зимска опрема, по што и беше воведена забраната за овие возила. Но, се вложуваат максимални напори, во текот на денов, сообраќајот да биде пуштен и за нив, иако временските услови не ни одат многу во прилог, бидејќи постојано вее снег, има силен ветар, а и температурите се неколку степени под нулата. Нашите екипи, цело време се на терен, сепак, најголемата одговорност е на возачите кои мораат да бидат крајно внимателни, посебно на осојничавите места и во клисурите“, – изјави за Алфа, Сашо Цветкоски, раководител на прилепската Подружница на „Македонија пат“.

Реклама

Инаку, според последните информации од АМСМ, сообраќајот во земјава се одвива во зимски услови, по влажни коловози на кои има остатоци од кашест снег. Од попладнево, забраната за тешките товарни возила укината е на Плетвар, и на патниот правец Делчево-г.п.Делчево, но состојбата будно се следи и ќе се реагира согласно временските прилики, бидејќи од утринава снежни врнежи со променлив интензитет се бележат низ целата држава. 

Се’ уште активна забрана за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Струмица-Берово, Тетово-Попова Шапка (каде за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема), потоа Струга- Ќафасан, како и на Пресека и на Ѓавато. А посебна внимателност при возењето се препорачува и на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево каде се можни одрони на патот, информираат од АМСМ.

Каролина Дурло