Реклама

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Свет

Смртоносен земјотрес во Авганистан – над 500 жртви и илјадници повредени

Најмалку 500 лица го загубија животот, а околу 1.000 се повредени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 500 лица го загубија животот, а околу 1.000 се повредени во силниот земјотрес што ноќеска ја погоди источната авганистанска провинција Кунар, на границата со Пакистан, соопшти денеска државната авганистанска телевизија РТА.

Според здравствените власти во Кабул, кои се под раководство на талибанците, бројките сè уште не се официјално потврдени, бидејќи спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените и тешко пристапни подрачја.

Земјотресот со јачина од 6,0 степени се случил на полноќ, на длабочина од осум километри, предизвикувајќи големи оштетувања во планинските села.

Реклама

Авганистан често се соочува со вакви природни катастрофи, особено во регионот Хиндукуш, каде што се спојуваат евроазиската и индиската тектонска плоча, што го прави еден од најпогодените сеизмички појаси во светот.