Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Смешни и очајни обиди на Таравари и Села: Проектот „Сејф сити“ ја активираше албанската опозиција

Смешни обиди за ширење национализам. Арбен Таравари и Зијадин Села покажуваат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Смешни обиди за ширење национализам. Арбен Таравари и Зијадин Села покажуваат дека немаат сенс за водење политика и буквално не се за правна држава. Ова доаѓа откако лидерите на двете крила на Алијанса за Албанците, решија да го оспоруваат „Сејф сити“, велејќи дека на удар биле Албанците, чии права не се почитувале, поради воведувањето на системот кој треба да доведе до зголемување на безбедноста во сообраќајот. 

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи вели дека ова претставува очаен обид на Таравари и Села, да дојдат некако до глас повеќе на следните избори, но смета дека на долгорочен план нема да имаат успех.

-Тие немаат сенс за водење на политика, буквално тие ниту се за правна држава, бидејќи „Сејф сити“ е само механизам кој го контролира сообраќајот во државата, односно тие што го прекршуваат законот, односно сообраќајните знаци. И тоа значи дека овие политички партии уште се водат под менталитетот дека секој закон кој што може да се носи во државата е против Албанците. Така што тие се препукуваат меѓу себе, Зијадин Села и Арбен Таравари, кои се политички партии во патот на исчезнување, изјави Фаризи.

Реклама

Според Фаризи, голем процент на граѓаните се за „Сејф сити“ системот, бидејќи ќе доведе само до многу побезбеден сообраќај и спасени животи. Вели единствено на краткорочен план може да добијат глас повеќе од луѓето кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила.

-Тие се обидуваат на тој дел од граѓаните кои сакаат безредие или сакаат да се однесуваат во сообраќајот без да ги почитуваат знаците за сообраќај. Тие се обидуваат по секоја цена да ги придобијат тие гласачи, да ги поддржат на следните избори. Јас мислам дека Уставниот суд кога и да е, ќе доенсе правилна одлука, односно дека „Сејф сити“ ќе продолжи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните, изјави Фаризи.

Инаку, Зијадин Села заедно со пратениците Илире Даути и Елми Азири, поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за прекршоци. Според него имало причина за сомнежи дека целта е изнуда на одредена категорија граѓани. Тој го оспорува и делот што пораките немало да стигнуваат на албански јазик.

Арбен Таравари пак остро реагираше на начинот на кој според него владејачката коалиција го спроведува проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за селективна примена што го крши Законот за јазиците и создава сериозен економски товар за граѓаните преку, како што велат, непропорционални казни.

Матеја Петровски