Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„СМАРТ лиценца“: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци, најави Андоновски

Проверка на лиценци на угостителски објекти, дозволи за градење, транспорт, логистика, осигурување, хотели како и судството за само неколку секунди. Преку скенирање на Кју ар код граѓаните, компанија, институција или инспекција ќе може да го провери статусот на лиценцата што го поседува една фирма или лице. Министерството за дигитална трансформација го претстави новиот концепт на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проверка на лиценци на угостителски објекти, дозволи за градење, транспорт, логистика, осигурување, хотели како и судството за само неколку секунди. Преку скенирање на Кју ар код граѓаните, компанија, институција или инспекција ќе може да го провери статусот на лиценцата што го поседува една фирма или лице. Министерството за дигитална трансформација го претстави новиот концепт на „Смарт лиценци“, што треба да го заменат досегашниот начин на издавање и контрола на овие документи.

„Правното лице се најавува на националниот портал за електронски услуги и избира вид на квалификувана доверлива услуга, пополнува електронско барање и ги прикачува потребните прилози. Дел од податоците се превземаат автоматски каде што тоа е возможно, а дел се внесуваат и валидираат во процесот. Повратниот одговор е електронски документ или решение за одобрување, или решение за одбивање или пак решение за некомплетно барање. Кога лиценцата е одобрена таа се појавува во регистарот со статус „важечка“ и со можност за кју ар проверка.“ – вели Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Наместо хартиени документи и чекање на шалтери, новиот систем е целосно дигитализиран. Со електронско поднесување на барања, без разлика дали е граѓанин или самата компанија што бара лиценца, тие ќе се обработуваат, податоците ќе се проверуваат, односно во реално време ќе се следи статусот на лиценцата.

Реклама

„Тоа значи дека граѓанин, компанија, инспектор или друга институција не проверува стара копија или документ, туку ја проверува актуелната состојба. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат поголема доверба во правниот промет, намалена субјективност од администрацијата и помалку чекање во административни процедури, а институциите добиваат еден електронски регистар достапен во реално време со помалку хартија и барања за потврди и подобра инспекциска и јавна контрола.“ – изјави Андоновски.

Во Министерството за економија системот веќе се тестира, а надлежните очекуваат истиот да се прошири и во други области каде што државата издава лиценци и дозволи. Целта е проверката да стане побрза, администрацијата поефикасна, а граѓаните и компаниите да поминуваат низ помалку административни процедури.