Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Случувањата на Блискиот Исток ги одвраќаат европските туристи, во Охрид зголемени уплати за аранжмани овој период

Во услови кога туристите избегнуваат региони со безбедносни ризици, Македонија добива нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови кога туристите избегнуваат региони со безбедносни ризици, Македонија добива нова можност да се наметне како сигурна дестинација. Дел од европските гости веќе го прават тој избор – културно мотивирани туристи од Западна Европа веќе пристигнуваат надвор од шпицот на сезоната, што е добар сигнал. Но, довербата на туристите е кревка. Клучно ќе биде да се задржи реална ценовна политика и да се избегнат краткорочни профити на сметка на долгорочниот имиџ. Туристичката клиентела, еднаш изгубена, тешко се враќа. Случувањата на Блискиот Исток ги одвраќаат туристите да патуваат на атрактивните, но високо ризични дестинации.

„Да, Катар, Блискиот Исток, Египет, тоа е веќе со сигурност, но можеби ќе биде помалку од 10% посетата на овие дестинации, со што нè става во едно добро светло, добра позиција да извојуваме, да придобиеме една нова клиентела на овие простори. Но, треба да се преземат и чекори да не дојде до некои несакани проблеми, да не се злоупотребува ситуацијата, да се даваат реални цени за да можеме да ја задржиме клиентелата, која што, навистина, многу тешко може да се стекне, односно да се добие нивната доверба“, вели проф. д-р Климент Наумов, ФТУ Охрид.

Светските туристички мапи се менуваат, глобалните кризи носат и ризици. Дел од далечните пазари веќе реагираат со откажувања, што значи дека Македонија мора брзо да се прилагодува и да бара замена на тие пазари со нови. Она што охрабрува е отпорноста на домашниот туризам.

Реклама

„Ние мислиме дека сме далеку од тој конфликт, но за оние далечни земји, ние не сме така далеку, затоа што прелетуваат преку точно тие зони. Барем, мислам дека има голем број откажувања од тие далекуисточни земји, особено што тој е најперспективен пазар во светот. Значи, таму Европа се храни со туристи, тие се најбрзорастечки пазари во светскиот туризам сега. Ќе има поместувања, но мислам дека туризмот, посебно во Македонија, е жилав. Но, треба да сме спремни, брзо да реагираме и да бараме евентуално, при откажувања од тие пазари, замена со други пазари“, вели проф. д-р Сашо Коруноски, ФТУ Охрид.

За разлика од некои земји, туристичкиот сектор кај нас веќе покажа дека знае да се опорави од кризи, што значи дека треба да сме спремни на такви поместувања и да се преориентираме на тековните движења. Ќе профитираат оние дестинации што ќе понудат безбедност, автентично искуство и коректни цени.