Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Случај „Онкологија“:И по 5 месеци од аферата молк – џелатите се уште им гледаат во очи на своите жртви

Иако поминаа цели пет месеци, скандалот “Oнкологија” останува без било каква разрешница.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако поминаа цели пет месеци, скандалот “Oнкологија” останува без било каква разрешница. Докторите, сестрите и медицинскиот персонал кој крадел од лековите на болните од рак се уште си одат нормално на работа. Ниту се знае кој е вмешан, ниту се објавени имињата, ниту пак некој е суспендиран. Со други зборови џелатите уште им гледаат во очи на своите жртви. Иако, предистрагата за морбидниот случај трае со месеци, од обвинителството не соопштуваат ништо.

Но, не е само обвинителството. Во игра е и највисокиот Законодавен дом. Според пратеничката Рашела Мизрахи, спикерот Талат Џафери, кој за некоја недела ќе седне во премиерското столче, намерно ги крие во фиока, материјалите од Анкетната комисија за испитување на неправилностите. Таа тврди дека власта се плаши од одговорност, и затоа бега од доказите.

Последната информација што ја добив е дека иако ОЈО даде рок од пет дена да се достават материјалите, тие не се доставени. Односно претседателот на собранието Џафери не ги проследил до обвинителстото. Среќна околност е што истите материјали транспрентно беа ставени на бев сајтот на страната на собраниетокажа Рашела Мизрахи, пратеник.

Реклама

Кој манипулирал со последната надеж на болните и во чии џебови завршувале парите, и на кој начин биле лекувани пацинетите? На овие прашања одговор нема. Онколошките пацинети се повеќе ја губат надежта дека ќе се открие вистината. Разочарани се што со месеци постапката тапка во место.

“Да ме прашавте во септември кога се случи ова со онкологија, ќе ви кажев дека сум надежна.Имав ентузијазам дека сето ова ќе се расчисти, ќе се дознае се…и ние ќе бидеме понасмеани и поведри”  вели Александра Величковска, онколошки пациент.

Онколошките пацинети освен што се разочарани, и се плашат дека следниве месеци може да останат без биолошка терапија. Таква најава им стигнала од Клиниката за онкологија, а за опасноста од недостиг на лекови потврди и директорката Клисаровска. Овие информации многупати ги демантираше  министериот Меџити, тој уверуваше дека таков проблем немало да се случи.