Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Бизнис

Случај „Лотарија“: Апаратите кои ги набавиле Груби и Бајрами стојат во магацин, за кој Лотарија плаќа кирија

Потрешени милиони евра државни пари и се уште и прават трошок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потрешени милиони евра државни пари и се уште и прават трошок на државата. . Апаратите за коцкање кои ги набавуваше државна лотарија по баснословни суми стојат неотпаковани во магацин, а лотарија плаќа кирија . Како што пренесува Радио Слободна Европа,  во магацинот имало 598 апарати за коцкање, од вкупно 850, а се чуваат и столици и останата опрема. Останатите апарати биле сместени во подружници на лотарија во други градови.

Порталот пишува дека во магацинот биле однесени со 15 шлепери од просторот на Хеј Дооел, во сопственост на Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол . Државата го расакина договорот за закуп со него во вредност од 2,6 милиони евра за поранешниот објект за свадби во Скопско Визбегово, а по прекинот на договорот, Државата на ХЕЈ Дооел му исплатила над 300 илјади евра.

Набавката на апаратите вредна околу 8 милиони евра е под истрага, а осомничени се поранешниот вицепремиер Артан Групи и поранешниот директор на лотарија Перпарим Бајрами.

Реклама

Но, криминалите во државна лотарија не запираат само со набавката на ВЛТ апаратите. Истрага е отворена  и за 6 тенденри кои ги „ќарила“ кумановската фирма Ритрон Копи во вредност од над 400 илјади евра за период од две години.

Според финансова Перпарим Бајрами одобрил исплата на фактури со невистинита содржина. Тендерите се склучени за телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема. Односно, Бајрами наводно купил 107 половни телевизори, но тие никаде ги нема, ниту во магацините на државните игри на среќа ни во Ритрон копи. Од друга страна пак, во договорите кои се јавно достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки, не постои никаква техничка спецификација за тоа што точно е набавено. На пример пишува дека паднал договор за набавка на  Тип 1 телевизор без ДДВ  по цена од 44 280 денари, Десктоп графичка станица 200 000 денари,  40 десктоп компјутери по  цена од  30 000 денари за компјутер, но не пишува конкретно каква споецификација имаат апаратите што е невообичаено и отвора уште поголеми сомнежи како се правеле договорите за тоа што треба да се купи и и зошто баш по тие цени.

Груби и Бајрами ја претвориле Лотарија во приватна фирма а штетата е многу поголема од 8 милиони евра реагираат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ. Од партијата укажуваат оти е невозможно ДУИ да го правел криминалот без да знаат од нивниот коалициски партнер во нивната влада, СДСМ

-Да не беше СДС, Заев и Филипче, криминалот на ДУИ немаше да биде возможен. Не е само криминалот од 8 милиони евра. Груби и ДУИ ја претвориле Лотарија во нивна приватна фирма, делеле тендери и пари како да се работи за семеен бизнис, а не за државно претпријатие со пари на граѓаните. Артан Груби не беше сам во криминалот. СДС со нивната желба за власт по секоја цена му го овозможија тоа. СДС знаеше дека во моментот кога ќе поведе постапка против Груби, владата им паѓа, затоа го толерираа, а подоцна и му се приклучија, рече Бране Петрушевски , пратеник од ВМРО – ДПМНЕ

Инаку, Перпарим Бајрами заработи веќе две кривични пријави. Едната е дека заедно со Артан Груби направиле проневера од околу 8 милиони евра и двајцата се бараат со меѓународна потерница. Втората е за склучените договори со Ритрон копи. Покрај овие две истраги, истражните органи најавија проширување на истрагата.