Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Следниот месец почнуваат судењата за полицајците поврзани со трагедијата „Пулс“

Следниот месец почнуваат две судења за полицајците поврзани со трагедијата во дискотеката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следниот месец почнуваат две судења за полицајците поврзани со трагедијата во дискотеката Пулс, обвинети за злоупотреба на службената положба. Во една постапка се опфатени тројца полицајци кои изминативе години влегувале во „Пулс“ и пишувал прекршочни пријави против неактивна фирма на сопственикот Дејан Јованов Деко, со цел тој да не плати глоба. Во другиот предмет опфатени се девет полицајци. И тие години наназад доаѓале во дискотеката проверувале дали е безбедна и дали има доволно паркинг места. Давале позитивна оценка и на тој начин озовможиле сопственикот Деко да вади лиценци за работа. Полицајците, првично беа осомничени за тешки дела против општата сигурност, но потоа Обвинителството оцени дека тие не се директно одговорни за пожарот, но сепак ќе одговараат за злоупотреба на службената положба. За трагедијата во Кочани обвинети се и полицајците од Источна Македонија што кобната вечер биле во дискотеката и вршеле акциска контрола. Станува збор за 13 полицајци, а меѓу нив има и неколку началници. Тие се обвинети за тешки дела против општата сигурност, но за нив обвинението се уште е на оценка во Кривичниот суд Скопје. Обвинителството ги товари дека тие не го спречиле палењето на пиротехниката, туку се занимавале со малолетници.

Според обвинението, во периодот од 14 до 16 март 2025 година обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти без целосна проверка дали се испочитувани законските прописи и безбедносните процедури. При контролата во кабарето не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема, што довело до настанување на пожарот, соопшти Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 30.01.2026.

Со оглед на тоа што на дел од полицајците им се запре постапката со образложение дека не се директно одговорни за трагедијата и ќе им се суди за злоупотреба, се јави револт кај дел од бранителите на 35-те обвинети за пожарот, чие судење е во тек.

Реклама

Тие побараа од Јавното обвинителство да го преиспита обвинението и делата што им се ставаат на товар на нивните клиенти. Меѓу обвинетите во овој судски процес се сопственикот на „Пулс“, неговите најблиски соработници, градежни и пазарни инспектори, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, поранешни градоначалици на Кочани, обезбедувачи во дискотеката и поранешни директори за Дирекцијата за заштита и спасување. Сите се обвинети за тешки дела против општата сигурност, а обвинителство нивното непостапување директно го поврзува со настанувањето на трагедијата.