Реклама

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Македонија

Следната недела разговори за реконструкција на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори.  – За брзо време веќе сме во втората половина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. 

– За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси. Сме кажале дека наша опција што ја префереираме како Влада е редовни  избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш  доколку тоа опозицијата го бара да излеземе на терен и повторно да победиме, рече Мицкоски, на новинарско прашање за исходот од средбата на претседателката Гордана Сиљановска со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова и ставовите за новите барања од Софија. 

Како што најави, од следната недела ги започува разговорите со коалициските партнери за реконструкцијата на Владата. Најпрвин сакам да ја слушнеме визијата, да видиме дали таа визија се поклопува,  па дури потоа можеме да зборуваме за кадровски структури, изјави Мицкоски. 
 
Во однос на кадровските освежувања во ВМРО-ДПМНЕ најави дека покрај новиот состав на Извршниот комитет и новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во партијата ќе дојдат освежувања и во другите структури на партијата: Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт.  Остануваат, посочи, мали финеси кои ќе треба да се да се доусагласат и очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме, рече Мицкоски.

Реклама

На синоќешните седници на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени одлуки за тројца нови членови на ИК и претседатели на над 30 општински комитети. 

– Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за триесетина проценти нови луѓе коишто коишто сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. Така што, на овој начин остануваат уште некои мали финеси да се да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени,  посочи премиерот Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.