Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Слаб одзив за гласање кај дијаспората – едвај 25 отсто се пријавиле до денес

Нешто помалку од десет дена имаат на располагање иселениците да се пријават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нешто помалку од десет дена имаат на располагање иселениците да се пријават за гласање на предвремените парламентарни избори. Од ДИК велат дека досега се пријавиле 1530 иселеници, или нешто помалку од 25 отсто од потребниот број гласачи. Најголем интерес за изборно изјаснување имало во Германија, Италија и САД. За да се спроведе гласањето во дијаспората потребно е заклучно со 11 март да се пријават близу 7000 гласачи.

„Се надевам дека ќе го исполнат оној лимит којшто е потребен согласно Изборниот законик да се пријават најмалку колку што освоил пратеникот со најмал број гласови на минатите избори, а тоа е пратеник од ИЕ 6 кој освоил 6540 гласа. Ќе треба да се пријават најмалку толку и нешто повеќе за ние да организираме избори во дијаспората“, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Гласањето на дијаспората земјава ќе ја чини 20 милиони денари, што според првиот човек на ДИК е за десет милиони помалку од парите потрошени во 2016-тата.

Реклама

„Потрошени биле средства од околу 30 милиони денари, нешто повеќе од оваа сума. Ние поучени од претседателските избори одлучивме да ги намалиме трошоците“, вели Деркоски.

На претседателските избори, пак, што се одржаа лани во мај, ДИК платила околу  450.000 евра на туристичка агенција за да се им се овозможи гласањето на 1.782 иселеници, покажува системот „Отворени финансии“. Агенцијата „Авиотурс Травел Сервис“, која го организирала превозот и сместувањето на организаторите, за првиот круг од гласањето добила нешто над 243.000 евра, додека за вториот круг 213.000 евра, кога на изборите своето избирачки право го оствариле едвај 814 иселеници.

Биљана Божиновска