Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор

Стопанската комора на северозападна Македонија организира Свечен настан по повод 20-годишнината од своето основање одбележувајќи две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на деловната заедница, стои во соопштението.  В.д. претседателот на СКСЗМ во своето обраќање истакна дека: „На ова патување СКСЗМ треба да остане домот на албанскиот бизнис, институција која не само што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанската комора на северозападна Македонија организира Свечен настан по повод 20-годишнината од своето основање одбележувајќи две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на деловната заедница, стои во соопштението.

 В.д. претседателот на СКСЗМ во своето обраќање истакна дека: „На ова патување СКСЗМ треба да остане домот на албанскиот бизнис, институција која не само што слуша туку и дејствува; не само што претставува туку и ги штити интересите на нашите стопанственици денес и за генерациите што доаѓаат. Имаме силна дијаспора, талентирани млади луѓе и исклучителен потенцијал. Она што ни е потребно е да продолжиме да веруваме едни во други и заедно да чекориме напред“.

На настанот беше промовиран и документарниот филм за 20-годишниот пат на СКСЗМ, како и јубилејната монографија, во која свое место имаат многубројни компании и личности што биле дел од развојот и придонесот на Комората во изминатите две децении.

Реклама

Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, во своето поздравно обраќање изрази благодарност до сите соработници и партнери што придонеле за развојниот пат и успесите на Комората во текот на изминатите 20 години.

Дваесет години подоцна, СКСЗМ останува истиот глас на бизнисот, кој произлезе од визија, храброст и потреба за достоинствено претставување. Почитувајќи ги минатото и придонесот на генерациите што ја обликуваа, Комората продолжува да гледа напред со одговорност, амбиција и доверба во потенцијалот на домашниот бизнис.