Реклама

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Прилози

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Скопје од утре ќе светне како никогаш досега. По години запоставеност, градските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје од утре ќе светне како никогаш досега. По години запоставеност, градските власти во соработка со Владата обезбедија педесетина нови, модерни возила со кои чистењето на улиците и собирањето отпад ќе стане многу поефикасно. Набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционално возило за чистење на улиците.

Освен Скопје, ќе се подноват и уште десет други општини. Министерот Николоски вели дека допрва ќе пристигнат и нови возила. Набавката е уште позначајна ако се има предвид дека потрошеното е пониско од првично предвиденото:

„Влеговме во процесот и повторно направивме заштеда. Проценетата вредност беше 5,5 милиони евра, а вкупната вредност на оваа набавка е 4,2 милиони евра. Што значи дека низ еден транспарентен, отворен процес успеавме да ја завршиме набавката, но и повторно да заштедиме средства. Новите комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски

Реклама

Модернизацијата на комуналниот возен парк, според премиерот Мицкоски, е многу значајна не само од еколошки аспект, туку воопшто за подобар живот на граѓаните во Скопје и општините. Тој најави дека Владата ќе продолжи да се залага за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и нагласи дека очекува одговорност и поголема свест од сите за почиста и поздрава еколошка средина.

Од клекната, ограбена и распадната држава којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после три години е подобро место за живеење. Јас ви гарантирам дека за три години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, најави дека градот наскоро ќе добие уште пет камиони за собирање отпад, но и уште 3.200 нови контејнери. Постапката за нивна набавка била во финална фаза.

„Означуваме почеток на проекти кои што практично го менуаат животот на нашите сограшани, а тоа е и целта поради која сме избрани од граѓаните, да ги подобруваме состојбите. Ова е значителна помопш за општините, што се случува денес што имаме можност да го видиме како дел од презентацијата, нова можност за општините, нов начин на собирање на отпадот и третман на истиот еден од најгорливите прашања не само во Скопје туку и во цела Македонија“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Паралелно со новите возила за комуналните потреби, Скопје се подновува и во делот на јавниот сообраќај. Првата делница од градскиот воз веќе функционира, а наскоро се очекува да пристигнат и новите електрични автобуси со кои јавниот превоз ќе стане уште поефикасен.