Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Скопје е ослободено: по четири години пропаѓање, главниот град конечно добива нов градоначалник – Орце Ѓорѓиевски

Орце Ѓоргиевски ќе го преземе кормилото на метрополата. Со убедлива победа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓоргиевски ќе го преземе кормилото на метрополата. Со убедлива победа и освоени над 95 илјади гласови, Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на град Скопје.Тој и во вториот круг го порази противкандидатот Амар Мециновиќ од Левица, кој доби околу 61 илјада гласови.

Таткото на градот по четири години пропаѓање на Скопје под палката на Данела Арсовска – ветува коренити промени уште од првиот ден кога ќе седне на градоначалничката фотеља. Неговата цел е главниот град да стане модерен поврзан и зелен. Меѓу најгласните ветувања на Ѓорѓиевски беше чистотата на градот, но и оптимален јавен градски превоз.

“Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство. Ние сме тука за сите скопјани, без разлика на политичката припадност. Сега е време за работа, ред и реални решенија” – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Реклама

Ѓорѓиевски упати директна порака до својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, партијата која не освои ниту едно градоначалничко место. Му препорача да го „загрее столчето и да го заврши факултетот“.

Мециновиќ наместо да признае пораз – уверува дека Левица на сладните парламентарни избори ќе се мобилизира и ќе претендира да биде прва партија во Скопје.

„Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60 илјади луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција го имаме огледалото за иднината на Скопје.Во следните две и пол години само дополнително ќе се мобилизира, на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје“, кажа Мециновиќ.

Ѓорѓиевски во својата изборна програма ветува дека Скопјани ќе живеат без собраќаен хаос и ќе уживаат во уредени места за рекреација. Омилен проект кој според него е најреален од целата пргорама е подземниот булевар и кружните текови кај Лимак.

Ѓоргиевски планира воведување електрични автобуси. Дел од визијата се и нови велосипедски и пешачки линии кои ќе овозможат побезбедно и поудобно движење низ Скопје.

Новиот градски татко ќе има полни раце работа уште првиот ден по преземањето на функцијата, кое се очекува да се случи деновиве. Од бараките на Град Скопје ќе замине досегашната градоначалничка Данела Арсовска.