Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Скопје 2028“ ги повикува граѓаните да ги предложат местата и приказните што го чуваат духот на градот

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ денеска објави два нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ денеска објави два нови јавни повика – „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028“” и „Скопски приказни“ со кои ги повикува граѓаните да предложат места со културен потенцијал и да споделат лични и колективни приказни, сеќавања и искуства што го сочинуваат духот и идентитетот на Скопје.

Целта е да се откријат и документираат местата, приказните и невидливите слоеви на градот, кои можат да станат дел од идните културни и уметнички проекти во рамките на „Скопје 2028“. Пријавите се доставуваат преку официјалната електронска платформа на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ www.skopje2028.mk , а рокот за доставување предлози за „Мапирање на локации, објекти и простори“ е 10 октомври 2026 година, додека за „Скопски приказни“ – 25 октомври 2026 година.

Повикот „Мапирање“ е отворен за сите кои го познаваат Скопје и сакаат да предложат место кое има потенцијал за културна или уметничка употреба. Тоа може да биде постоечки или недоволно искористен објект, напуштена фабрика, магацин или хангар, парк, плоштад, улица, кеј, двор, маалски простор или друга локација со историско, архитектонско, општествено или културно значење.

Реклама

Предложените локации ќе бидат разгледани и систематизирани, со цел да се создаде регистар и дигитална мапа на потенцијални културни места во Скопје. Мапата ќе биде ресурс за уметници, културни организации и институции, идни предлагачи на проекти, локални заедници, истражувачи и граѓани.

Со повикот „Скопски приказни“, Фондацијата сака да ја собере и зачува живата меморија на градот. Се повикуваат граѓаните да споделат лични или колективни приказни за луѓе, места, улици, маала, настани, традиции и секојдневниот живот, како и приказни за нешто што денес можеби повеќе не постои, но останало дел од сеќавањето на Скопје.

Приказните можат да се достават како текст, фотографија, аудио, видео, интервју или друг материјал.Фондацијата планира да избере најмалку 200 „Скопски приказни“, кои ќе бидат архивирани и ќе можат да послужат како основа и инспирација за идни уметнички и културни проекти. Селектираните приказни ќе бидат откупени, а потоа преку нов јавен повик ќе бидат понудени на уметничката и креативната јавност за нивна уметничка интерпретација и претставување како дел од Програмата на Европската престолнина на културата – Скопје 2028.

Двата повика се дел од подготовката на програмата „Скопје 2028“ и имаат за цел да отворат поширок поглед кон културниот потенцијал на градот – кон местата, луѓето и искуствата што го сочинуваат неговиот идентитет.

-Скопје не се само институциите, театрите, музеите и галериите. Скопје се и маалата, парковите, плоштадите, старите фабрики, улиците, дворовите и сите оние места каде луѓето се среќаваат, создаваат и го доживуваат својот град. Но, Скопје не е само она што го гледаме. Скопје е и она што го паметиме, го раскажуваме и го пренесуваме. Токму затоа, Фондацијата ги отвора јавните повици „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028““ и „Скопски приказни- вели директорот на Фондацијата Марјан Цветковски.