Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Скопјанец осомничен за неколку кривични дела кон членови на семејството, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа околу полноќ во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги повредил сопругата и нејзината мајка.

Со намера да ги вознемири и заплаши, како што се посочува во сооппштението, осомничениот почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две деца на возраст од 6 и 4 години.

Реклама

-Кога оштетената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, нанесувајќи и телесни повреди. Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените. Сопругата успеала телефонски да ги повика нејзиниот брат и татко. Осомничениот продолжил и ним да им се заканува со ножот, а од боксот го пуштил во дворот и своето куче од расата “шарпланинец” кое го гризнало еден од оштетените на надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му телесни повреди – рани од угриз – информираат од ОЈО.

Како што посочуваат од ОЈО Скопје, имајќи ги предвид сите дејствија на осомничениот, околностите што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и стравувањето дека тој би можел да ги повтори дејствијата на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.