Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Скандалозни вработувања во гостиварската болница: Примени 10 доктори и 10 сестри-сите Албанци, ниту еден Македонец

Стручноста или етничката припадност што лекува подобро? Гостиварската болница очајно има потреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стручноста или етничката припадност што лекува подобро? Гостиварската болница очајно има потреба од лекари и медицински сестри, но според огласот само Албанци. Трајно вработени се вкупно 25 медицински лица, од нив 24 се со албанска националност а само еден е е Македонец. Според последните скандалозни вработувања во болницата “др. Ферид Мурад”, очигледно за Македонци нема место во оваа здравствена установа. Десет лекари, десет медицински сестри, еден биохемичар, еден рентген технолог и уште тројца физиотарапевти сите со албанска националност добија договори на неопределно време. Во списоците кои добија договор на неопределно има само едно македонско име.Иако на огласот се пријавиле осум Македонци.

Од Министерството за здравство не добивме одговор дали и како во гостиварската болница се спроведува балансерот и Бадинтерот за законско вработување, кои предвидуваат 20 проценти да се Албанци, а 80 Македонци.

Овие вработувања на медицински персонал се дел од оние кои работеа со договор на дело. А гостиварската болница е една од ретките здравствени установи која има објавено конкурс.

Реклама

Пред Нова Година, екс министерот за здравство Меџити најави вкупно 1.117 вработувања во јавното здравство кои ќе добијат трајни решенија за работа.

Инаку, огласот во Гоствар е само еден од низата скандалозни предизборни вработувања по националност.Само пред месец и половина на ГАК имаше јавен оглас за вработувања на доктори, каде што право на пријавување имаа само Албанци и Турци.

По скандалозните огласи во здравствениот сектор, и Национални шуми во предизборна офанзива за вработување. Во ова јавно претпријатие се бараат 355 работници – од нив дури 230тина треба да бидат Албанци, а само 30тина Македонци, 30тина Турци, и по некој Влав, Ром, Србин и ставка „Други“.

За да работите како шумар најголеми шанси ќе имате ако по националност сте Албанец. Интересно е тоа што се бараат и таму каде што ги нема.

Власта не спие предизборно, особено кога треба да се полни администрацијата.

Во Министерството за одбрана се вработија 300 професионални војници кои ќе и служат на Армијата.

Огласи за вработување имаше речиси во секоја државна установа. Во Агенцијата за вработување, во Државната изборна комисија, во Регулаторната за енергетика, Министерство за образование и во други агенции и дирекции.

Претходно, и ЕСМ влезе во работна офанзива – таму бараа 500 вработени оти им фалеле работници исто остана неразјаснат податокот како до сега функционираа државните електрани без толку работници.