Бегството на Артан Груби и Васко Ковачевскуи, аферите со лотарија, ЕСМ, РЕК Битола и редица други коруптивни скандални на минатата власт го урнаа индексот на перцепција за корупцијата во 2024-та година за македонија на транспаренси интернешнл. Индексот покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата година, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Според претседателот на транспаренси интернешнл-македонија, Благоја Пандовски, негативните резултати се последица на големиот број на скандали кои се случија минатата година, особено во судството, неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која судскиот совет ја врши врз судиите и препораките на оценската мисија на европската унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за академијата на судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од случувањата коишто беа забележани лани. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88 и Сингапур со 84 поени. На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, додека пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени.
,,Големиот број на скандали кои се случија минатата година, особено во судството, правосудниот систем, судскиот совет, академијата за судии и јавни обвинители, неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индиции за политичко влијание, лоша контрола на судскиот совет која ја врши врз судиите се дел од причините,, изјави Благоја Пандовски од Транспаренси интернешенал-Македонија.

За премиерот Мицкоски ваквите резултати се должат на лошите политики на минатата власт кои се рефлектираат токму на индексот за транспарентност на државава на светски ниво.
,,После сите оние злоупотреби на европско знаме, коруптивни скандали коишто беа во период на минатата влада. Иако за сите седум критериуми, беа шест, сега се седум, се однесуваат на владеењето на минатата власт,, истакна Мицкоски.
Од земјите во регионот најдоброрангирана е грција, која иако стагнира е на 59 позиција со 49 индексни поени. Најлошо рангирана е Босна и Херцеговина, која бележи пад од 2 поени и е на 114 позиција со 33 индексни поени.Најголем скок, од пет поени, од земјите во регионот има Албанија и е на 80 позиција со 42 индексни поени. раст има и косово од 3 поени и е на 73 позиција со 44 индексни поени. Србија има пад од еден поен и е на 105 позиција со 35 индексни поени, исто како и Хрватска која има пад од 3 поени и е на 63 позиција со 47 индексни поени и Бугарија, која бележи пад од 2 поени, и е на 76 позиција со 43 индексни поени. Црна Гора стагнира е на 65 позиција со 46 индексни поени.
Во извештајот се потенцира дека со оглед на тоа што Европската Унија дава приоритет на проширувањето, земјите кандидати имаат можност да обезбедат долгорочни придобивки за своите граѓани, преку воспоставување ефективни контролни механизми против корупцијата и со зајакнување на владеењето на правото, за штокриминалот и корупцијата во државава за што веќе беа спроведени голем број на акции.
