Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

„Сите за Анѓел“ – добротворна забава за лекувањето на малиот Анѓел Симоновски

Анѓел Симоновски води тешка, но храбра борба со аутизмот и пречки во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анѓел Симоновски води тешка, но храбра борба со аутизмот и пречки во развојот, дијагноза што целосно го промени животот на неговото семејство. Неговата мајка Марија сведочи дека Анѓел до третата година се развивал одлично.

– Кога беше мал, се развиваше прекрасно. На две – две и пол години зборуваше „мама, тато, баба, дедо“, броеше до 10 на македонски и англиски, ја знаеше азбуката… Редеше сложувалки и пееше песнички. И тогаш, на три и пол години – сè запре. Одеднаш. Тишина. Ниту збор повеќе, раскажува Марија.

Набрзо почнало да се менува и неговото однесување – често плачел, избегнувал контакт со очи и гледал на страна. По низа прегледи, пристигнала и дијагнозата: Ф-84 – аутизам.

Реклама

„За лекувањето се потребни 15.000 евра, од коишто досега се собрани само половина, а терапиите треба да почнат веќе следната недела“, соопшти семејството.

Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, можат да донираат на следната сметка:

Донациска трансакциска сметка – НЛБ Банка; Примач: Анѓел Симоновски; Број на сметка: 210-700000696111.

„Анѓел не се откажува. За него сега постои нова надеж – специјализирани третмани во Турција, коишто може значително да ја подобрат неговата состојба. Но трошоците за лекувањето се огромни и семејството не може да си ги дозволи, па без помош не може да продолжи понатаму. Секој придонес е чекор поблиску до подобро утре за Анѓел“, се додава.

Со цел да се соберат потребните средства, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“, заедно со свои пријатели, организираат добротворна забава со наслов „Сите за Анѓел“, која ќе се одржи во понеделник, 26 јануари, со почеток во 19:30 часот, во ресторанот „Котура“ во Илинден – Скопје. Сите собрани средства ќе бидат наменети за лекувањето на Анѓел во Турција.