Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Системот во Македонија проработе: Нема никаква потреба од политичка лидерска средба

Системот во Македонија проработе по трагедијата во Кочани и воопшто нема потреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот во Македонија проработе по трагедијата во Кочани и воопшто нема потреба од политичка лидерска средба, сметаат познавачите. Поранешниот амбасадор Звонимир Јанкуловски вели дека во овој момент политиката треба да се тргне на страна, да се остави на институциите да си ја работат работата, дебатата за оваа трагедија да се води во собранието, а не на маса меѓу неколку политички лидери.

-Системот во случајот на трагедијата во Кочани делуваше многу брзо и многу ефикасно, не знам што би можело да се разговара на тие лидерски средби затоа што сепак има други механизми, политички механизми низ кои може да се артикулира одреден политички став. Така што не гледам воопшто ни причина, ни не ги гледам лидерските средби како начин на субститут на нешто што би се нарекло парламентарна демократија, вели Јанкуловски.

Според премиерот Христијан Мицкоски не е време за лидерска средба, но подготвен е да се сретне со Филипче во четири очи, каде лидерот би го образложил својот план. Средба од поширок формат во моментов според Мицкоски не е потребна. На ист став е и Јанкуловски.

-Племенска демократија која се залага во Македонија, да се бајпасира целиот државен систем на начин што политичките партии се среќаваат за клучни, да кажеме клучни прашања, политички прашања или прашања за иднината државата, вели Јанкуловски.

Реклама

Според Јанкуловски одредени структури се обидуваат во Македонија да пренесат сценарио од други држави преку организирање протести за оваа трагедија, иако според него јасно е дека системот си ја врши својата работа.

-Она што е разочарувачки дека некои ветрови генерално во регионот и на Балканот и меѓу државите кои се релативно поврзани, во контекст на возобновување на некој вонпарламентарни, вонпретставнички инситуции, се нудат за решение за надминување на тие демократски институции во државите, изјави Јанкуловски.

Филипче најави дека во текот на оваа недела ќе соопшти кои се темите поради кои бара лидерска средба, а онаа која што е позната дека сака независен кандидат за градоначалник на Кочани, за кој би застанале ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите други партии. На ова Мицкоски одговори дека е прерано за вакви договори, бидејќи се уште не се зацелени раните од трагедијата. Според тоа не само непримерно, туку и додатна болка за оние кои ги изгубиле своите најблиски.

Матеја Петровски