Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Бизнис

Синдикалните лидери на протест за 500 евра минимална плата , Дурмиши: Не на улица, туку на економско-социјален совет кажете ги барањата

Растот на минималецот, покачените плати во здравството, образованието и полицијата, како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на минималецот, покачените плати во здравството, образованието и полицијата, како и повисоките пензии не го смируваат Сојузот на синдикатите.

Тие излегоа на протест зашто минималната плата се покачила онака како што предвидува законот и методологијата, а не како тие што бараа – веднаш да достигне 500 евра.

Барањата ги кажаа на јавна седница која започна пред работничкиот дом, со една минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани, па продолжија пред Собранието. Од парламентарците побараа да изгласаат минимална плата од 500 евра и и зголемување на сите останати плати за 100 евра.

Реклама

Јавната седница продолжи пред стопанската комора каде Синдикатот побара зголемување на сите плати во приватниот сектор

Таканаречената јавна седница заврши пред Владата. Овде побараа да се повлече одлкуката за минималната плата, а функционерите да ја земаат најниската плата како и работниците.

Синдикатите да ги кажат барањата на економско социјалниот совет, а не на улица порача министерот за економија. Дурмиши вели дека во моментов нема репрезентативен синдикат а комисијата напорно работи за утврдување на репрезентативноста. Дурмиши вели дека одлуката за минималецот морал да ја потпише согласно законот пред 31 март.

Од владејачката партија реагираат дека играта на синдикалците била прочитана и никој не им верувал. ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува оти раководството на ССМ дебело се бофатело и го злоупотребувало синдикатот

Минималната плата од месецов изнесува речиси 24 400 денари. Владата ја остави можноста платите да се зголемат и повеќе, но доколку за тоа се согласат работниците и работодавачите.