Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Синдикалниот лидер на ЗИК Пелагонија избркан од работа

Членовите на Извршниот одбор на Синдикалната подружница на ЗК “Пелагонија“ во Битола,…

Сподели:

Членовите на Извршниот одбор на Синдикалната подружница на ЗК “Пелагонија“ во Битола, денеска одржаа предупрадувачки протест пред управната зграда на Комбинатот. Тие бараат исплата на регрес за годишен одмор за 2019 година согласно спогодбата од декември ланската година, со која менаџментот се обврза за исплата до 30 јуни годинава. Од друга страна, се бара враќање на  претседателот на синдикатот кој  е отстранет од работа, спротивно на Законот за работните односи, со обвиннение дека на работа делувал политички. Не  е точно, туку сосема спротивно, првиот човек Цеветан Панделески делуваше политички, вели синдикалниот лидер Мендо Милевски.

-Кога го прашав што бива со К- 15, ми вика турнете ја оваа влада ако сакате К- 15 да има. После тоа следи ова во кое е наведено дека јас политички сум дејствувал врз вработените да гласаат за една политичка партија. Отстранет сум од работно место заради делување и сум растурал пропаганден материјал. Не е вистина, еве ги вработените и нека дојде некој и нека каже дека сум агитирал или сум го пронидувал- рече Милевски.

Претседателот на  граѓанскиот Агро- синдикат на ССМ Живко Даневски рече дека менаџеритте на Комбинатот мораат да исплатат К-15 и да го вратат претседателот на работа, зашто го крашат Законот за работните односи. Во целост ги подржуваме барањата на вработените и со сите средства ќе ги браниме нивните интереси рече Даневски. Од раководството на ЗК “Пелагонија“беше речено дека имаат состаноци и немаат време да остварат средба со новинарите. Од претходно, околу 300 работници имаат поднесено тужби заради неосновано кратење на платите и овој потег го сметаат како обид за заплашување.

Реклама

Петар Стефановски